Поранешниот градоначелник на Аеродром, Ивица Коневски му одговори на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој на Фејсбук го коментираше барањето на Коневски за промени во партијата.
-Мицкоски, по твоето огласување преку официјалниот портпарол, станува јасно каков човек ја води партијата. По мојот изнесен став, ти го тераш портпаролот да пишува ниски лаги и клевети за мене. Со тоа само потврдуваш дека ти и твојот тим немате капацитет да се справите со искрените критики, упатени за доброто на ВМРО-ДПМНЕ. Што побрзо си одите ти и таа багра од партијата, толку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на државата, одговори Коневски.