Чоколоадото „Ритер“ е единственото што во Германија може да се продава во карактеристична квадратна форма, пресуди денеска германскиот Врховен суд, отфрлајќи ја тужбата на конкуренцијата.
Судот смета дека квадратниот облик на чоколадото „Ритер Спорт“ не е само плод на функционалност, туку и на креативен дизајн.
„Не е клучно за другите производители на чоколади да ги нудат своите производи во квадратна форма“, се вели во пресудата.
Со ова и официјално е отфрлена тужбата на компанијата „Монделез“, која производител на чоколадата „Милка“. Конечната пресуда стави крај на десетгодишна правна битка во која „Милка“ бараше укинување на ексклузивното право на „Ритер“ квадратна форма на чоколадите.
„Среќни сме што е заштитена иднината на нашиот бренд, кој го негуваме со денцении“, соопштија од компанијата „Алфред Ритер“.
„За нас, квадратниот облик на чоколадото има иста вредност како и виолетовата боја на омотот на конкуренцијата“, додаваат од „Ритер“.
„Ритер Спорт“ е основан во 1912 година, а квадратниот облик е дизајниран во 1932 година, кога ко-основачката Клара Ритер одлучила дека чоколадиите мора да се вклопат во сечиј џеб, без да кршат.