Според новиот протокол за заштитата од Ковид-19, денеска инфо караванот за информирање и едукација за ИПАРД 2014–2020 продолжува со своите активности за аплицирање и искористување на Мерка 1 во Демир Хисар, во кругот на ОУ „Гоце Делчев“ од 15:00 часот
Во петок, ИПАРД караванот ќе биде во Неготино на локација Спомен Костурница од 10:00 часот, за потоа да се сретне со заинтересираните граѓани во Кавадарци на локација Полициско Паркче од 14:00 часот.
Во понеделник, 27.07, инфо караванот ќе ги осети општините Зајас во кругот на училиштето “ОУ Реџо Рушит”, од 11:00 часот и Осломеј, во кругот на OУ„ Милто Ѓурра”-с. Стрелци во 15:00 часот.
Последниот ден од инфо караванот низ државата ќе биде во општина Конче, на 28.07 во општина Конче од 11:00 часот.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на Мерка 1, бидејќи крајниот рок за поднесување на барањата за Мерка 1 е 03 август 2020 година.
Мерка 1, или инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2014-2020, ги опфаќа заинтересираните сопственици на земјоделски стопанства, физички лица кои што се носители на семејно земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, кои што имаат производни капацитети од растително или сточарско производство.
По новиот протокол, инфо средбите ќе се реализираат на отворен простор, а на влезот на секоја локација ќе бидат поставени 2 пулта, од кој што на Пулт 1 ќе се мери телесната температура на секој посетител, ќе се дезинфицираат рацете и ќе му се даде заштитна маска, доколку не носи со себе. На Пулт 2 ќе се прави евиденција за присутност, ќе се дава рекламен материјал и освежителен пијалак, вода или сок.
– За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: http://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ , http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.