Рокот за поднесување на апликации за избор на најповолен понудувач за изградба постројка за третман на отпадни води до17 август

Рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје за град Скопје истекува на 17 август 2020

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно одредените фази за имплементација на капиталниот проект ПСОВ – Скопје, во вредност од 136.000.000 евра, работи на реализација на истиот, што е доказ за заложбите за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина. Во овој контекст беше објавена и Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје. Официјалниот документ за Поканата, може да се најде на официјална платформа  на Европската Инвестициона Банка https://ted.europa.eu/udl?uri=TED:NOTICE:290799-2020:TEXT:EN:HTML&src=0, и на веб страната на ЈП Водовод и канализација – Скопје www.vodovod-skopje.com.mk.

 

Ги повикуваме сите заинтересирани компании да аплицираат за  претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје. Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9. На барање на заинтересираните страни, документите може да бидат пратени и електронски во пренослив или отворен формат.  Крајниот рок за поднесување на апликациите, согласно барањата и критериумите наведени во Поканата,  е 17 август 2020 година до 12:00 часот (по локално време).

Треба да знаете
Последни објави