Премиерот на Словачка, Игор Матович, го критикува својот претходник Роберт Фицо тврдејќи дека тој останал запаметен меѓу европските лидери по две работи – девојки и алкохол.
На тој начин тој одговори на критиките на Фицо, кој го обвини за лош настап на самитот во Брисел.
По владината седница, Матович објасни дека ги прашал европските лидери на самитот за нивните искуства со Фицо.
Некои, тврди тој, не можеле ни да се сетат на него, пренесува ТАСР.
„Фиц секогаш влегуваше последен во пленарната сала кога сите други веќе седеа“, рече тој додавајќи дека вистинските разговори честопати се одвиваат пред официјалните дискусии.
„Кога ќе завршеше дискусијата, Фицо си заминуваше. Тој никогаш не разговараше со никого и никој дури и не разговараше со него“, додаде тој.
Затоа тој е убеден дека Фицо лажел кога рекол дека разговарал со неколку европски лидери на телефон и го повика Фицо да каже кои се тие лидери.
„Имам многу добри односи со повеќето од овие лидери“, рече Матович.