Управниот суд денеска ќе ги разгледува тужбите на Левица

Управниот суд денеска на јавна седница ќе ги разгледува тужбите поднесени од политичката партија Левица. Партијата до судот поднесе 101 тужба, по однос на одбиените приговори од Државната изборна комисија за парламентарните избори.

До судот вчера стигнаа уште шест тужби, од кои две од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“, две поднела политичката партија Демократи, една од Единствена Македонија и Коалиција “Никогаш Северна само Македонија”, и  1 тужба од МОРО – Работничка партија.

Претходно судот отфрли 40 тужби поднесени од Алијанса за Албанците/Алтернатива и една од Интегра. Алијанса/Интегра поднеле вкупно 75 тужби.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија по приговорите за парламентарните избори. По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот суд за заштитата на избирачкото право, ДИК согласно законот ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа комисијата ќе им издаде уверенија на избраните пратеници.

Треба да знаете
Последни објави