Црна позадина со текст и слика од „Анонимуси“ се појави вечерва на сајтот на Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство. Во моментов и двата сајтови се недостапни и воопшто не може да се отворат.
Одговорноста за хакерскиот напад ја презема групата која стои зад профилот ANONOPSMKD, а која призна дека е одговорна за паѓањето на страницата на Тајм.мк, најголемиот македонски агрегатор за вести, во средата, додека сите медиуми ги пренесуваа вестите од резултатите од десеттите парламентарни избори.
-Пак ние. Овој пат најбедното министерство е наш таргет, Министерството за смрт.После се што видовме со наши очи не можеме а да не останеме глевни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат министерство за здравство каде што здравјето и животите на сите тука ни зависат! И покрај сите гневни пораки сега ќе испратиме и една добра: за сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите Македонци заболени со ковид-19, ви спуштаме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест-стои во порака од хакерите.