Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и почесен претседател, Љубчо Георгиевски, не е задоволен од последните статутарни измени во неговата поранешна партија и смета дека веќе стекнатото право како почесен претседател на партијата не може да му биде одземено. Тој веќе го подготвува адвокатскиот тим за покренување на тужба против ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи согласно позитивната правна регулатива веќе стекнато право не може да биде одземено, пишува Поглед.мк.
Со последните измени во статутот на партијата се укинуваат позициите почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Освен Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше и Никола Груевски.
Досега изостана реакцијата на Груевски на статутарните промени во партијата.