Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика граѓаните да останат внимателни поради опасноста од коронавирусот со доаѓањето на постудените годишни периоди.
– Ова не е крај на приказната и мора да бидеме многу внимателни бидејќи претстојат постудени месеци, истакна Џонсон пред новинарите во Шкотска.
Тој за време на посетата на Шкотска нагласи дека кризата предизвикана од коронавирусот ја покажала колективната сила на Обединетото Кралство.