Во Замбија тестирани сите пратеници, 15 се позитивни на коронавирусот

Петнаесет пратеници на замбискиот Парламент се позитивни на коронавирус, откако сите законодавци деновиве беа подложени на задолжително тестирање, изјави денеска  министерот за здравство, Читалу Чилуфија, јави ДПА. Тестирањата беа наредени откако двајца пратеници починаа во текот на викендот.

Во меѓувреме, портпаролот на кениската Влада, Сајрус Огуна, исто така, потврди дека е позитивен на вирусот.

„Имав лесни симптоми и примив лекарства во објект за изолација”, напиша тој на Твитер.

Во Јужна Африка, двајца министри неодамна беа хоспиталиизрани откако се заразиле со болеста.

Досега  Замбија има пријавено 3.584 случаи на коронавирус, додека Кенија има регистрирано 15.601.

Светската здравствена организација (СЗО) неодамна предупреди дека по бавниот почеток на пандемијата на африканскиот континент, бројот на случаи сега рапидно расте, потсети ДПА.

Треба да знаете
Последни објави