Панчевски бара укинување на притворот, не добил решение дека е разрешен од функцијата судија

Поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски на почетокот на денешното судење во Осноевн суд Велес во кое му се суди за злоупотреба на АКМИС системот побара да му се укине притворот оти до денес не добил решение по жалбата да биде разрешен од судиската функција, објави Сител.

Обвинителот во предметот рече дека имало таква одлука а за неа информирале медиумите.

Судијата кој го води предметот, Валентина Ѓорѓиевска на почетокот на судењето на бројните новинарски екипи им забрани да ги користат телефоните за информирање на јавноста и побара да ги приложат на видно место на обвинителната маса.

Дополнително забрани телевизиските новинари во текот на судењето да излезат од судницата и известуваат во живо и објасни дека ако тоа го сторат немаат право да се вратат во судницата.

Треба да знаете
Последни објави