Американските Ф-15 го придружувале иранскиот авион на безбедно растојание

Американските борбени авиони Ф-15 го придружувале иранскиот патнички авион на безбедно растојание, соопшти Централната команда на вооружените сили на САД.

Придружбата била извршена над американската воена база во Ал Танф во Сирија, се вели во соопштението.

– Спроведена е стандардна визуелна проверка на патничкиот авион „Махан Ер” на безбедно растојание од околу 1.000 метри, соопшти американската армија.

Претходно беше објавено дека ирански патнички авион итно слетал поради приближување на борбени авиони. Неколку патници биле повредени.

Првично се сметаше дека авионите му припаѓаат на Израел, но екипажот на авионот соопшти дека пилотите на борбените авиони се претставиле како Американци.

Треба да знаете
Последни објави