Бугарскиот премиер Бојко Борисов заминува во карантин откако шефицата на неговиот кабинет Деница Желева имала позитивен тест на коронавирусот. Борисов како што пренесуваат тамошните власти е негативен на првиот тест, но сепак наредниот период ќе го помине во превентивен карантин. Покрај Борисов, тестирани се и сите членови на бугарската делегација која неодамна во Брисел учествуваше на самитот на Европскиот совет.
Во Бугарија изминатиот период има близу 10 илјади заболени и 330 починати од вирусот.
Во Србија пак, која изминатиот период руши рекорди на ново заразени, бројките на заболени се искачија на над 22 илјади лица и преку 500 починати. Тамошните здравствени власти велат дека иако според нив бројката на оздравени постепено се зголемува, сепак ситуацијата е многу тешка.
Во дел од државите како Словенија и Црна Гора пак кои пред неколку недели прогласија крај на епидемијата, сега се соочуваат со втор бран на заболени. Во Црна Гора веќе има над 2500 заболени, а Словенија која има слична бројка, постепено почна да се наоѓа на црните листи за патување ширум Европа.