Во Србија никој нема починато, да нема добиено или да има чекано да биде ставен на респратор, изјави денес срската премиерка Ана Брнабиќ, реагирајќи на петицијата на лекарите за смена на Кризниот штаб, оценувајќи дека тоа се користи за политичка борба.
– Тоа не се напади врз лекарите од Кризниот штаб, туку врз претседателот Александар Вучиќ и сите нас, оцени Брнаиќ за ТВ Пинк, која додаде да „доколку се спореди Србија, со реформите, која пред седум години беше на работ на банкрот и се спореди со пет најдобри земји во Европа, со најдобрите здравствени ситеми, Србија е подобра од сите нив, со исклучок на Норвешка”.
Како што јави допсиникот на МИА од Белград, петицијата на лекарите со кои се бара смена на Кризниот штаб за борба против новиот коронавирус, поради тоа што не гледаат друго решение за, како што наведуваат, „катастрофата на јавното здравство во која се наоѓа Србија”, денеска се зголеми на над 2.000 лекари.
Поддршката денеска ја потпишаа и 325 наставници во Србија, како и 81 адвокат, над стотина режисери, писатели, композитори, музичари, ликовни уметнци и други културни дејци.
На страната на која се објавени потписите се наведува дека наставниците го поддржуваат и осудуваат секој обид за понижување и на медиумска хајка на медицинските работници.
– Ние, чиј повик е да ја создадеме иднината на оваа земја со едукација на младите луѓе, развивајќи го нивниот дух и интелект со кој тие еден ден ќе ја градат Србија, мора да го подигнеме нашиот глас и да ги поддржиме медицинските работници во нивната борба за вистината и слободата, се наведува на веб-страницата.
Досега и околу 300 еминентни уметници ги дадоа своите потписи со кои бараат смена на Кризниот штаб и формирање на нов, а иницијатива ја иницираше режисерот Срѓан Драгојевиќ.
– Обединетите наставници и уметници и академската заедница, со здравствени работници на кои во моментот им е најтешко, даваме пример во која насока треба да оди ова општество, изјави режисерот Јанко Баjак во отвореното писмо, оценувајќи дека народот не му верува на Кризниот штаб.
Тој наведе дека шефот на државата, Вучиќ направил сурова разлика помеѓу „добри” и „лоши” доктори, по што, според него, голем број луѓе ја потпишале петицијата.
Петиција за поддршка на иницијативата на лекарите „Обединети против Ковид” ја потпишаа и 81 адвокат.
– Ние, адвокатите на Србија, ја поддржуваме петицијата на лекарите и згрозени сме од уште еден обид за линч кој го спроведуваат таблоиди и нацистични фреквенции, објавено е на веб-страницата „Адвокатите за обединување против Ковид”.