Првата муслиманска молитва од 1934 година се одржува денес во Аја Софија во Истанбул, две недели откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган издаде декрет за враќање на статусот на овој ообјект како џамија.
Поради пандемијата на коронален вирус, молитвата се одржува под строги мерки. Околу 500 верници се молат во дворот, додека неколку илјади се молат надвор во присуство на 20.000 полицајци. Улиците околу Аја Софија се блокирани.
Сепак, неколку илјади граѓани кои не можеа да влезат во Аја Софија ги обиколија околните улици.
Turkey's President Erdogan attends first mass Friday prayers at Istanbul's Hagia Sophia since its conversion to a mosque. The event is being covered live by several TV channels. pic.twitter.com/Er4d7O5BIw
— BBC Monitoring (@BBCMonitoring) July 24, 2020
Полициските службеници едвај ја задржуваат толпата, а на едно мсето дојде до пробивање на блокадата и стампедо. Граѓаните успеаја да ги истуркаат полицајците кои ја блокираа улицата и во голем број се упатија кон Аја Софија, пред полицијата да ја воспостави контролата.
На снимката се слуша како некој од толпата извикува “Alah akbar” (Алах е голем) .
https://www.facebook.com/MEMRITVSOOC/videos/3702540336426089/?t=0