Во САД уапсени четворица Кинези поради измама со визи

САД поднесоа обвинение против четворица кинески државјани за наводна измама околу американските визи и за наводно лажење дека се членови на кинеските вооружени сили.

Тројца од нив се уапсени, а ФБИ трага по четвртиот кинески државјанин, кој, наводно, е во кинескиот Конзулат во Сан Франциско.

Агентите на ФБИ, поради целиот случај, сослушуваат сведоци во 25 града кои не пријавиле дека припаѓаат на кинеската војска.

Според истражителите, тоа е дел од кинескиот план да ги испратат кинески научници во САД, со цел „да ги искористат академските институции”.

Апсењата се случија откако неодамна беше објавено дека уште една кинеска научничка побарала заштита во Конзулатот во Сан Франциско.

Треба да знаете
Последни објави