Министерството за здравство соопшти дека е хакирана и во моментов не функционира неговата веб-страницата и дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.
-Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме. Нашата комуникација со медиумите ќе се одвива преку привремената е-маил адреса: przdravstvo2020@gmail.com, стои во соопштението
Од Министерството посочуваат дека сите прашања медиумите да ги испраќаат на споменатата адреса и тие ќе бидат одговорени во најбрз можен рок.
Црна позадина со текст и слика од „Анонимуси“ се појави вечерва на сајтот на Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство. Во моментов и двата сајтови се недостапни и воопшто не може да се отворат.
Одговорноста за хакерскиот напад ја презема групата која стои зад профилот ANONOPSMKD, а која призна дека е одговорна за паѓањето на страницата на Тајм.мк, најголемиот македонски агрегатор за вести, во средата, додека сите медиуми ги пренесуваа вестите од резултатите од десеттите парламентарни избори.