Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа конвенцијата на Републиканската партија во Флорида, што требаше да се одржи следниот месец поради пандемијата на новиот коронавирус.
– Не е време за тоа, нагласи Трамп и додаде дека ќе одржи говор, но во поинаква форма.
На брифинг во Белата куќа тој рече дека главната причина за таквата одлука е безбедноста.
Бројот на заразените во САД е веќе над четири милиони.
Шерифот на Џексонвил предупреди претходно оваа недела дека градот не е подготвен за таков собир.
Настанот првично требаше да се одржи во Шарлот, Северна Каролина, но беше преместен откако таа држава воведе мерки за физичко дистанцирање.