Турција ја намалува својата зависност од рускиот гас, увезува 70 проценти помалку од лани

Турција се обидува да ја намали зависноста од рускиот гас, а за прв пат по речиси две децении нема да увезува  руски гас барем две недели.

Според турската државна компанија „Ботас“, цитирана од „Интерфакс“, цевководот „Турски тек“ ќе биде исклучен целосно на 27 јули. „Ботас“ е купувач на целата испорака на гас по тој пат, пуштен во употреба во јануари оваа година.

Тој нафтовод ќе биде затворен до средината на август, поради поправки и ремонт. Исто така беше затворен минатиот месец, поради закажаното одржување.

Друг гасовод од Русија кон Турција, Синиот тек, исто така е затворен уште од мај, иако требаше да биде затворен само за неколку недели.

Така, Турција увезува 70% помалку гас од Русија отколку во јули минатата година, туркајќи го рускиот „Гаспром“ на списокот на главните снабдувачи на гас во Турција зад Азербејџан и Иран.

Треба да знаете
Последни објави