Јавноста мора да знае дека не станува збор за никаква суштинска демократизација, туку за обид на господин Груевски и господин Мицкоски со наводни реформи да спречат расформирање на ВМРО-ДПМНЕ и да изведат наводна реформска агенда за продолжување на мандатот на претседателот на партијата, вели Петар Богојески во интервју за „Дојче Веле“.
-Не станува збор за никаква нова ‘приватизација’ на партијата. Тој процес во ВМРО-ДПМНЕ заврши во 2010 година, со решенијата на Битолскиот конгрес! Од тогаш, партијата има двајца сопственици – господин Мијалков и господин Груевски и еден советник, господин Протугер. Се друго е ирелевантно! Што е битно кој ќе биде извршен директор на приватната компанија ВМРО-ДПМНЕ? Ако господин Мицкоски не се покажа за доволно добар менаџер, ќе го заменат со нов, без разлика дали ќе се вика Никола, Александар, Мујо или Хасо! Суштинска промена, вистинска реформа на ВМРО-ДПМНЕ е да ја промениме сопственичката структура, а не да заменуваме службеници! После Груевски, лидерите ќе бидат само службеници, а не лидери! За да добиеме лидер, прво треба да ја ‘национализираме’ компанијата ВМРО-ДПМНЕ, да ја вратиме во рацете на Македонија, па после да зборуваме за процес на реформирање! , вели Богојески.
Целото интервју на „Дојче Веле“.