Доделување помош за онлајн настава за ученици Роми

Директорот на Ромскиот образовен фонд  Реџеп Али Чупи, градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски, претставници на невладината организација Сонце – Тетово како носител на проектот и партнерската организација за општина Берово „Ромски Ресурсен Центар”  денеска ќе доделат 15 таблети со 10 ГБ интернет за поддршка на децата Роми кои учат во Основното училиште „Дедо Иљо Малешевски”, кои во текот на пандемијата поради КОВИД 19 не беа во можност да следат онлајн настава.

– Акцијата е дел од проектот „Подобрување на средината за учење на учениците во основното образование” (код на проектот MAC 132) кој финансиски е поддржан преку ургетниот фонд на Ромскиот Образовен Фонд. Истио проект ќе овозможи на најзагрозените 222 деца Роми вклучени во основно образование да се стекнат со паметни уреди и 10 ГБ интернет за следење на настава од далечина. Децата се идентификувани од страна на парнерските организации во соработка со основните училишта во следните општини: Куманово, Кичево, Кочани, Виница, Битола, Прилеп, Штип и Делчево, соопштија од „Ромски Ресурсен Центар”

Треба да знаете
Последни објави