Министерот за информатичко општество и администрација во македонската влада на заминување, Дамјан Манчевски на својот фејсбук обелодени како вработени во МИОА од опозициската ВМРО ДПМНЕ ја злоупотребуваат функцијаа во партиски интереси.
-Советничката на Невенка Стаменковска Стојковски, Марија Петрушевска, вчера одржа партиска прес конференција во работно време, иако се уште е вработена во МИОА.
На тој начин го прекрши Законот за вработени во јавен сектор, каде јасно се забранети секаков вид на политички дејствување во работно време, пишува Манчевски и додава:
-Деполитизацијата и професионализацијата на јавниот сектор се само декларативни заложби на ВМРО ДПМНЕ, додека во реалноста се однесуваат сосема поинаку. Оваа партија продолжува да не прави разлика помеѓу државата и партијата. Во текот на три години владеење на СДСМ, ниту еднаш и ниту еден функционер не си дозволил вакво нешто. Добро е што функционерите на ВМРО ДПМНЕ често не потсетуваат на начинот на кој размислуваат и се однесуваат.
Граѓаните се свесни за разликата во принципот на работа и почитувањето на етичкиот кодекс и тоа го покажаа и на изборите.
Државата продолжува да чекори стабилно напред по евро-атлантскиот пат!
Реформите ќе продолжат со засилено темпо!