Најжестоко го осудуваме нападот врз новинарот Љупчо Златев, кој е последица на неговата новинарска работа и пишан збор.
Физичкиот напад врз новинар е брутално газење на демократија и слободата во земјата, кој е последица на криминално политичко подземје.
Бараме институциите во најбрз можен рок да го расчистат случајот и да ги казнат сторителите.
Слободата на изразување е уставно загарантирано начело и не смее да биде загрозено од никого. Власта е должна да спроведе ефикасно владеење на правото.
Насилството врз новинарите не смее да остане неказнето, зошто така станува пракса.