На социјалните мрежи се појавија жолчни рекации од членови и симпатизери на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, чиј Централен комитет направи нов Статут. Први на направените измени во Статутот реагираа поранешните партиски лидери и премиери на Република Македонија, Љубчо Георгиевски и Никола Груевски оти остана без титулата почесен претседател !
Реакциите не останаа само на почесните претседатели. Се огласија членовите и симпатизерите кои дошле до новиот Статут. Откако го прочитале дошле до сознание дека во него е избришано името Република Македонија.
Разочарувачките реакции се шират по социјалната мрежа фејсбук каде има коментари „зборот Македонија едвај се споменува еднаш„ Република Македонија целосно е избришана од Статутот на ВМРО ДПМНЕ. Во новиот Статут на ВМРО ДПМНЕ избришано „Република Македонија“… Го избришавте ли „Република Македонија“ од Статутот на партијата ??? Зошто ?