Новинарот Љупчо Златев утрово бил нападнат во еден скопски ресторани во близина на гимназијата „Орце Николов“, објави Курир.
Според порталот, човек, кој се испоставило подоцна дека е лично обезбедување на семејството на еден македонски бизнисмен, го нападнал Златев.
Напаѓачот претходно му се доближил на новинарот и по куса вербална расправија го нападнал.
Настанот веднаш бил пријавен во полиција и се очекува повеќе детали во текот на денот.
Курир пишува дека нападот доаѓа откако новинарот деновиве објави повеќе скандали и афери за еден поранешен македонски функционер, а сегашен бизнисмен.