(Фото) Ангеловска го пречека Заев во Брајчино

Министерката за финансии, Нина Ангеловска во убавото село Брајчино го пречека првиот човек на СДСМ, Зоран Заев кој е на одмор овие денови.

Како што истакна таа, со Заев разговарале за убавините на нашата татковина и потенцијалот што го нуди селскиот туризам.

-Не само поради тоа што многу лета како дете ги поминував тука во родното место дедо ми и баба ми -пионер во селски туризам од 80тите, или поради тоа што тука го открив вкусот на шумските јагоди, учев да месам зелник, да нижам пиперки, да правам слатко, домашен ликер, туку поради тоа што навистина има што да понуди буквално за секого – Плажите на Преспанското езеро во Претор, Дупени, Крани, Сливница се на неколку километри“, напиша Ангеловска на својот профил.

https://www.facebook.com/nina.angelovskaa/photos/a.119448669432337/313519323358603/?type=3

Треба да знаете
Последни објави