Во Италија, каде жаришта на Ковид-19 се забележани во речиси сите региони, просечната возраст на заразените лица сега е околу 40 години, додека во најтешкиот период на епидемијата во таа земја беше над 60 години, соопшти италијанското Министерство за здравство и Високиот институт за здравје.
Просечната возраст на заразените сега е околу 40 години, додека во март и април беше над 60 години, што може да биде показател за навиките кои луѓето ги смениле по неколкумесечни рестриктивни мерки, при што постарите лица се повнимателни, додека младите се среќаваат, се ракуваат и прегрнуваат, пишува „Кориера дела сера”.
Италија вчера воведе двонеделен карантин за оние кои пристигнуваат од Романија и Бугарија, како резултат на епидемиолошки податоци во тие земји, што е прв ваков случај во рамките на ЕУ по отворањето на границите на Унијата на 1 јули.
Претходно, Италија ги додаде Србија и Црна Гора на листата на 16 земји од кои е забранет влез, вклучително и БиХ и Северна Македонија.