Во Љубљана синоќа се одржаа 14. по ред антивладини протести, а во фокусот на вчерашните демонстрации беа правата на жените.
Демонстрантите, од кои многумина беа на велосипед, минаа низ центарот на словенечката престолнина, извикувајќи пароли против владата и отидоа пред министерствата за здравство и внатрешни работи, пренесува СТА.
Пред зградата на РТВ Словенија, тие дадоа поддршка на јавниот сервис.
Некои од демонстрантите се собраа уште во текот на попладневните часови, барајќи нула толеранција за сексуалното вознемирување и насилство врз жените.