Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе доживеа повреда во финалето на Купот на Франција против Сент Етјен и беше присилно заменет во средината на првото полувреме.
Денес ќе има поголема јасност за состојбата на фудбалерот кој претрпе повреда по груб влез на Лоик Перин.
Иако Мбапе изгледаше прилично вознемирен кога го напушти теренот, тој подоцна се врати на патериците и го догледа натпреварот.
За време на церемонијата на доделување на наградите, светскиот шампион размени неколку зборови со францускиот претседател Емануел Макрон, кој го праша за сериозноста на неговата повреда.
Еве како помина дијалогот меѓу двајцата:
Макрон: „Како е”?
Мбапе: „Почувствував мало пукање и боли малку”
Макрон: „Мислиш има скршеница?”
Мбапе: „Не, мислам дека нема”
Макрон: „Ќе одиш во болница?”
Мбапе: „Да, заминувам веднаш по доделувањето на наградите”
Првично, капитенот на Сент Етјен, Перин доби само жолт картон за повредата, но откако судијата Амаури Делеру ја разгледа ситуацијата со ВАР, го избрка.
ПСЖ го освои трофејот по успехот со 1: 0, а Нејмар постигна гол.