Водечкиот американски стручњак за заразни болести Ентони Фаучи изјави дека за вистинска нормалност ќе може да почне да се разговара во 2021 година.
Фаучи рече дека вакцината против коронавирус може да биде прогласена за безбедна и ефикасна до крајот на годината, но дека не очекува таа да биде широко достапна во САД сè до неколку месеци по влегувањето во 2021 година.
– До крајот на оваа година или почетокот на следната година, треба да се знае дали вакцините против коронавирус се безбедни и ефикасни за употреба, и оние што се развиваат во САД и оние во другите земји, изјави Фаучи за „Вашингтон пост”.