Легендата на Барселона, Чави објави дека се тестирал позитивно за Ковид-19.
Четириесет годишниот Шпанец, кој е тренер на Ал Сад во Катар, објасни дека нема симптоми.
– Пред неколку дена се тестирав позитивно од последниот тест за „Ковид-19″. За среќа, се чувствувам добро, но ќе бидам изолиран сè додека не дадам негативен тест. Кога здравствените власти ќе дозволат, ќе се вратам на мојата дневна работа, напиша Чави на социјалните медиуми.