Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека Белград е вистинска епидемиолошка бомба затоа што има огромен број места каде коронавирусот може нагло да почне да се пренесува.
Говорејќи на РТС, Кон апелираше за почитување на мерките и за вклучување на сите инспекциски органи и оние кои треба да контролираат дали се спроведуваат мерките.
– Многу е важно да се разбере, сега е викенд, период кој претходно го решававме во полицискиот час, а сега ја имаме само својтаа свест и многу е важно да се контролираме, посочи Кон.
На прашањето каква е тековната состојба во Србија и дали поминат вториот врв од првиот бран, Кон одговори дека станува збор за многу сериозно прашање.
– Ние сме на високо ниво и таа крива се стабилизира, но се движиме по самиот раб, особено во Белград, додаде Кон.
Тој објасни дека кога се вели дека вирусот ги пробил епидемиолошките бариери, не значи дека епидемиолозите не ја вршат својата работа, туку дека продолжуваат да ги следат контактите.
– Суштината е дека вирусот е кај луѓето и дека релативно слободно се пренесува и оти е многу важно да се сфати овој момент, затоа што сега веќе немаме полициски час кој ја реши нашата состојба и сè што е пропишано мора да се почитува, истакна Кон. .
Тој потсети дека е задолжително да се носат маски во затворено и на отворено каде не може да се одржува растојание од 1,5 метри.