Министерот за здравство Венко Филипче во објава на Фејсбук посочува дека процентот на хоспитализирани лица заболени од Ковид-19 во изминативе две недели е намален за речиси два процентни поени.
– Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со Ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси два проценти, односно од 11,5 отсто на 15 јули на 9,7 отсто на 23 јули, наведува Филипче.
Тој посочува дека во континуитет, процентот на хоспитализирани лица од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12 проценти.
– Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен, порачува министерот Филипче во објавата на Фејсбук.