Уште 100 луѓе се заразени со коронавирусот во Федерацијата БиХ, од кои најголемиот дел се во Сараево – 82.
Тестирани се 365 примероци во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, а вирусот е потврден, освен во областа на Сараево, кај девет лица во Травник, три во Горажде, две во Бугојно и Бусовача и едно лице во Усиколина и Нова Била.
Хоспитализирани се 72 пациенти, од кои еден е на респираторна машина.