Црна Гора е навикната на вообичаените тажења за судбината на книнските Србите од оние кои, во тоа време, им ја подготвија таквата судбина, и во кое своја улога имаше и сегашниот шеф на српската дипломатија, оцени попладнево црногорското Министерство за надворешни работи за изјавата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ дека најавата за присуство на црногорските претставници на прославата на операцијата „Бура” во Книн е природен тек на ширењето на антисрпската политика.
Дачиќ за „Вечерње новости” кажа дека „ за жал, веќе не е изненадување што Црна Гора се приклучи кон единствената држава во Европа која го слави етничкото чистење на сопствените граѓани. Актуелната власт во Подгорица отиде предалеку во ширењето на антисрпската политика, па по признавањето на Косово, заканите дека ќе го повикаат НАТО да ги брани од Србија и прогонот на Српската православна црква, морбидната забава во тврдината во Книн некако се наметнува како природен тек, рече Дачиќ за „Новости”. “.
По овој повод црногорското Министерство за надворешни работи оценува дека регионалната јавност уште еднаш имаше можност да биде сведок на обидот на Дачиќ да коментира за секој потег и секоја изјава на службени лица и институции во регионот, доколку тие не се вклопуваат во неговиот политички и вреден светоглед.
„Меѓутоа, овде не станува збор за тоа, туку за претстојните избори во Црна Гора, па затоа е погодно, на крајно несоодветен начин, во една реченица да се нападнат и да се навредуваат дури и две соседни земји”, истакнуваат во црногорското МНР.