Осум затвореници осудени на смртна казна починале од коронавирус во Калифорнија

Осуммина затвореници осудени на смртна казна, починале од коронавирус во најстариот затвор во Калифорнија, Сан Квентин. Во тој затвор биле заразени дури две третини од затворениците, пренесоа американските медиуми.

Во вторникот починал 67-годишниот Џон Бемс. За него се верува дека е осмиот затвореник осуден на смрт, кој починал од коронавирус, а ова сигурно ќе се знае по обдукцијата, пренесува АП.

Другите седуммина затвореници осудени на смртна казна во тој затвор, а кои починале поради компликации предизвикани од Ковид-19 се: Ричард Е. Ститли (71), Скот Ерскин (57), Мануел Алварез (59), Дивејн Кери (59), Џефри Ј. Хакинс (64), Дејвид Рид (60) и Трој Ешмус (58), пишува „Дејли Меил“.

Во овој американски затвор на смртна казна чекаат 717 луѓе.

Досега се пријавени 14 смртни случаи поврзани со коронавирус во затворот, а во моментот се заразени 860 затвореници. Околу 1.200 затвореници се опоравиле.

Треба да знаете
Последни објави