Епидемијата ќе ескалира, а десетици животи секојдневно ќе згаснуваат заради неспособноста на Заев и Филипче.
На Заев и Филипче во прв план им се тендерите, а на здравјето на граѓаните не ни помислуваат.
Бројот на заразени од корона вирусот се движи кон 10 илјади, а бројката на починати кон 500.
КОВИД-19 само ја потврди неспособноста на Заев и СДСМ, како и на нивниот Филипче да менаџираат со здравствениот систем. Здравствениот систем го доведоа до работ на провалијата.
Заев, СДСМ и нивниот Филипче со системскиот поткуп на населението станаа кластер на корона.
Наместо дел од решението, станаа дел од проблемот. Наместо решенија и креирање здравствена политика се фрлија на политикантство кое е недозволиво.
Македонија ја направија црна точка во регионот и пошироко.
Не знаат дали ова е пик на првиот бран или втор бран. Не мислат како да се справат со кризата предизвикана од корона вирусот.
Мора да се стави крај на политикантството на СДСМ.