До сто проценти штети од град во демиркаписко Корешница

До сто проценти штета на лозјата, тутунот, пиперот и други земјоделски култури предизвикаа врнежите од град синоќа во демиркапиското село Корешница. Невремето, проследено со врнежи од град и дожд од околу 25 литри на квадратен метар, траело 15 минути.

Претседателот на месната заедница Ѓорѓи Танев рече дека невремето направило штета не само кај лозјата, туку и на тутунот, пиперот и други земјоделски култури.

Општината Демир Капија веќе формирала комисија за проценка на штетите.

Треба да знаете
Последни објави