Како што е вообичаено изминативе неколку седмици, така и денеска скопјани, кои се враќаат од викендот во Охрид патуваат подолго од вообичаеното.
Поради неможноста одморите да ги поминат во странство, скопјани одморите и викендите ги поминуваат во Охрид, Маврово и другите излетнички дестинации. Поради тоа во неделите се прават долги колони на возила кои тргнале од Охрид и Маврово кон Скопје.
Така е и вечерва.
Според кажувањата на возачите на социјалните мрежи, пет километри до Стража се возат безмалку еден час.