Земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтер ја погоди Албанија во 16:16 часот.
Според Институтот за сеизмологија, епицентарот на потресот е на шест километри југозападно од градот Пеќин, односно на 37 километри јужно од Тирана.
Земјотресот бил на длабочина од два киломтера и според Институтот имал висок степен на чувствителност.Освен голема вознемиреност кај жителите од поширокиот регион, нема информации за прдизвикана материјална штета.
Потресот е почувствуван и во западните делови на Северна Македонија.