Французинот Фабио Квартараро има фантастичен почеток на сезоната во МОТО Гран при класата. Дваесет и едногодишниот возач денеска на патеката во шпански Херез ја нанижа и втората победа откако со доминантно возење по стартот од пол позиција беше недопирлив за конкуренцијата.
Зад пилотот на „Петронас“ Франческо Бањаја се издвои на пат кон прв подиум финиш во најсилната класа, но „Прамак дукатито“ на Италијанецот не ги издржа завршните шест круга. Тандемот на фабричката „Јамаха“, Маверик Вињалес и Валентино Роси го комплетираа пиедесталот, што беше прв пат после 2014 година јапонскиот производител да ги има првите три места на трка воедно и прв подиум за Роси после американското ГП од 2019 година.
Светскиот првак Марк Маркез, кој пред неколку дена имаше опереција на повредената десна рака, ја пропушти трката во Херез.
Квартараро има максимални 50 бода после две трки. Вињелес е втор со 20.
Следната трета трка од сезоната во МОТО ГП ќе се вози во Брно на 9 август.
Enough said! 😎
Nobody had an answer for @FabioQ20 today! 🥇#AndaluciaGP 🏁 pic.twitter.com/OF1lN0zjvR
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) July 26, 2020