Маршот за демократија има за цел да ја заштити демократијата и да ја врати довербата на граѓаните во демократските вредности

Ден пред Маршот за демократија, денес сме тука за да ве информираме за агендата на овој настан и мерките што се преземени и се преземаат за успешен тек, информираат од Коалиција Алијанса за Албанците & Алтернатива.

Притоа, пред сè, би сакалa да ве известам дека Маршот за демократија не е само протест. Туку е јавен израз на волјата на албанскиот граѓанин во Северна Македонија, кој по последните избори смета дека сериозно се оштетени демократијата и начинот на изразување на слободната волја на албанскиот граѓанин. Како знак на револт за потиснување на највозвишеното право на слободното гласање, овој марш – токму пред седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје – ќе испрати јасна порака дека една држава која што ги започнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и бидат избрани, што е основното човечко и политичко право во ЕУ.

Симболи на овој марш ќе бидат националните симболи и симболите на нашите западни сојузници, а слоганите ќе се однесуваат на заштита на демократијата. Тоа значи дека секој друг симбол и кој било друг повик што искажува фобија, омраза или навреда за било кого, е против целта на овој марш.

Маршот ќе започне во 19.00 часот од паркот Чаир во Скопје, ќе продолжи преку улицата Цветан Димов, кај трговскиот центар „Мавровка”, потоа десно за да поминеме пред Владата на Република Северна Македонија и ќе завршиме во 20:00 часот пред канцелариите на Делегацијата на Европската унија.

Исто така, за да се избегне каква билo можност за инфекција, организаторите се погрижија и за бројот на учесниците. Впрочем, за коалицијата ништо не е поважно од здравјето. Затоа, заштитните маски и одржувањето дистанца, како и грижата за здравјето на учесниците се задолжителни обврски за успешна граѓанска акција.

За реализацијата на овој марш известена е и полицијата, а организаторите обезбедија и свои редари за успешен тек на маршот.

Во оваа прилика, ги повикуваме сите граѓани кои се чувствуваат лишени од своето демократско право, почитувајќи ги горенаведените мерки, да се приклучат на овој марш за симболично да учествуваат во демократизација на албанското општество во Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави