Јаневска:Во Владата не мислат како да се справат со корона кризата и не знаат

Поминаа вонредни состојби, предкампања, кампања и избори. Мерките, и онака недоволни, превземени од Владата на СДСМ за борба против епидемијата со корона вирусот олабавија со цел спасување на економската криза, но всушност во функција на изборите. Сега кога изборите поминаа корона вирусот беснее, луѓе страдаат, докторите и сестрите гинат на работа, а мерки нема, Комисијата за инфективни болести ја нема, нема промени во борбата против епидемијата.

Изборите произведоа нови кластери. Партиски функционери кои се декларираа за страсни чувачи и пазачи на мерките, во моментов, а и во минатиот  период не ги почитуваа истите. Наместо дел од решението, станаа дел од проблемот.

Бројот на заразени од корона вирусот се движи кон 10 илјади, а бројката на починати кон 500. КОВИД-19 кризата само ја потврди неспособноста на Владата на СДСМ да менаџира со текот на епидемијата и здравствениот систем. Здравствениот систем се движи кон работ на пропаста. Наместо решенија и  здравствени политики остана на популизам и политикантство, што не е дозволиво и во некои други, а не  во овие тешки времиња. Македонија стана црна точка во регионот и пошироко. Не знаат дали ова е пик на првиот бран или е вториот бран, не ги знаат кластерите, не ги знаат изворите, не знаат што да превземат и како да настапат.

Не мислат како да се справат со кризата и навистина не знаат. Ќе беше добро да послушаа нешто од предлозите на експертите и да променеа нешто во цел спасување на животи.

Ако не знаат им препорачуваме и ним и на граѓаните на Република Македонија, има кој знае.

Од утре МОН и Комисијата за заразни болести ќе бараат модел соодветен за продолжување на наставата од септември, има некои предлог модели. Дали како партија имате глас во одлучувањето во МОН и Комисијата, во давање предлози, каков  е ставот на партијата по ова прашање?

Прво, сметам дека МОН и Комисијата задоцнија. Еден месец е многу краток период за да се обмислат сите детали за тоа како да почне учебната година и студентската година. Општо познато беше особено затоа што имавме кампања и избори дека нема да се намалат бројките на заразени, а, жал ми е и на починати, брзо и нагло па од септември да може да почне школската година регуларно.

Ние објавивме една преодна програма, но за жал немаше доволно простор на медиумите во детали да ја објасниме. Ние имаме програма за школската година која е речиси во детали обработена, се разбира ни требаат некои детали од МОН за да може да почне да се спроведува. Сега планирање на почетокот на школската година, на приемот на првачињата, на приемот во први клас, па и на студентите е задоцнето. Тие не објавија на пример дека направија унифицирана платформа, сега да се прави платформа е многу доцна какви и да се нашите ИТ компании нема време. Сега треба да се прилагоди некоја од светски познатите платформи да се плати тоа. Јас не слушнав дека они ги мапирале децата кои немаат технологија да следат онлајн настава. Не се ни мапирани, а ако се мапирани требаше да се спроведе постапка за набавка, за помош на тие деца за компјутери, умни телефони или преку што тие би можеле да следат настава.

Верувам дека Бирото за развој има изработено скратена програма, но таа не им беше презентирана на наставниците и тие не добија задолженија. Сметам дека ќе биде најнеопходно сите предавања, сите задачи, сите тестови да бидат снимени и да им бидат понудени на учениците за да им бидат достапни во секое време.

Прашавте дали учествуваме, јас како претседател на Комисијата за образование и наука ниту сум информирана, освен од медиуми, ниту сум поканета, ниту некој од Комисијата колку што мене ми е познато не е поканет да даде свој придонес иако велам стоиме на располагање.

Ова кратко време како што рековте дека имате детално изработена  претходна програма на кратко вака да ни кажете што вклучува ли враќање со физичко присуство на учениците?

Јас ќе ви образложам само неколку делови за кои сме размислувале како комисија еве и на комисијата за инфективни болести ќе се вмешам малку во работата со право затоа што сум доктор а и на министерството за образование.

Со едноставен пример колку што ми е мене познато до вчера ниту во Делчево ниту во Берово ниту во Виница немаше ниту еден единствен случај на болен од корона заразен од корона и тие деца можат да почнат со настава сосема нормално се разбира по скратена програма за да бидат рамноправни со сите други ученици во земјава. Таму каде што има најмнгу заболени од корона вирусот и најмногу инфицирани тие ќе одат онлајн. Но се ова што претходно го кажав мора да се спроведе значи платформата еве јас ја препорачувам Микрософт тимс која треба да се преведе тоа може брзо да се направи. Но треба да се обучат наставниците треба да се обучат учениците а конечно и треба средства да им се дадат ако една постапка трае месец и пол до два најмалку како ќе почнат децата да учат значи една од тие еден од нашите предлози е дека треба да се мапираат подрачја кои се слободни од инфекцијата и таму децата физички да одат на училиште и подрачја каде што реално не можат да одат и таму ќе одат онлајн. Друго првачињата, првачињата треба да влезат во училишните клупи, првиот училишен ден не е проблем ќр се спроведе првиот ден половина вториот ден другата половина да се запознаат со учителката со децата со родителите со сите превземени мерки за маски ракавици дистанца чистење на секој саат проветрување на просториите сега дури може и надвор, а после тоа ќе си почнат со настава по 15 деца во училиште се разбира за првачињата тоа би можело да биде час од 20 минути за тие што се во малку поголемите одделенија час од 30 минути.

Факт е дека можат да одат во повеќе смени во одредени училишта а таму каде што не можат да одат во повеќе смени сега ќе ги користат добрите сончеви денови а подоцна ќе се направи прераспределба на оние училишта кои имаат повече простор за да можат да примат дополнителен број на ученици најблиски во реонот на живеењето на децата за да можат да одат да се одвива физичката настава се разбира таму каде што има ковид таму каде што нема ковид епидемија децата ќе си одат најрегуларно на училиште. Мерките за отварање се општо познати тие ги предлагаат веќе и во европската унија па дури и Америка нели ги објавува нашето соседство Хрватска и тие се општо познати. Значи најмногу 15 деца во училница сите деца мора да бидат на растојани од метар и пол што значи ќе треба малку прераспределба на клупите нашите клупи се за по две деца сега на клупите ќе седи едно дете треба да се набават средства за хигиена треба оброкот специјално да се доставува на децата треба да се одбери фирмата која ќе го прави тоа за се тоа нема време затоа ви велам претпоставувам дека се тоа би можело да оди по некои скратени постапки и ќе мора затоа што децата треба да тргнат на училиште но сето требаше досега да биде разработено.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави