Во изминатите 24 часа извршени се 1.489 тестирања од кои 65 се позотивни на корона вирус во Хрватска, а починаа три лица, соопшти Кризниот штаб.
Денеска во Хрватска има 855 активни случаи, пишува Индекс. Меѓу нив се 142 пациенти на болничко лекување, а од нив девет на респиратор.
Од февруари досега во Хрватска се регистрирани 4.857 заразени, од кои 136 починаа, а 3.866 оздравеа.