Вучиќ: Се обидуваме да купиме ловци-бомбардери

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се започнати „одредени иницијативи” за зајакнување на српското воено воздухопловство, особено бомбардерските компоненти.

Тој рече дека ќе се зајакне и капацитетот на противвоздухопловната одбрана.

– Во голема мерка ја обновивме бомбардерската авијација, денес имаме десет „Орли “, исто така имаме„ Супер галеби Г-4 “што можеме да ги користиме во тие  акции, но тоа мора да биде многу повеќе. Ќе гледаме да купиме ловци-бомбардери кои се способни да водат блиска борба во воздух но и да дејствуваат против цели на теренот, изјави Вучиќ пред новинарите по посетата на припадниците на 15-от тенковски баталјон на српската војска во Сремска Митровица.

Наведувајќи дека ситуацијата во военото воздухопловство и противвоздушната одбрана е многу подобра отколку што била претходно, Вучиќ рече дека во моментов се на располагање десет ловечки авиони МиГ-29 и најави дека за „два или три месеци” тој број ќе се зголеми на 14, откако ќе бидат доставени уште четири авиони од Белорусија.

Треба да знаете
Последни објави