Количината дожд која наврна во Загреб се случува еднаш во 100 години

Директорката на Државниот хидрометеоролошки институт на Хрватска, Бранка Иванчан Пицек изјави дека 90 литри дожд на метар квадратен, што наврна во Загреб за 24 часа, е многу редок феномен што се случува еднаш во повеќе од 100 години.

– Таа количина што падна за 24 часа се интензивни врнежи,, чиј повратен период е повеќе од 100 години. Просечната количина на врнежи во областа Загреб е помала отколку што падна во овие 24 часа, некаде околу 83 литри. Тоа е многу ретка појава, рече таа при гостувањето на ХРТ, јавува новинската агенција Хина.

Невремето кое вчера го зафати Загреб и делови од Хрватска предизвика поплави и голема материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави