Во Регионалниот центар за гранични работи Југ е пријавено дека на јужната државна граница, на непристапен шумски предел во реонот на с.Негорци кон с.Серменин, имало починато лице, најверојатно мигрант.
Полициски службеници излегле и на местото викано „Жабја Река“, с.Негорци било пронајдено починато лице.
Смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено за обдукција.