Филипче: И покрај одмoрите има доволен број лекари, некои давале лажни податоци за да земат боледување

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за телевизија „Алсат“ потврдува дека имало случаи кога дел од здравствениот персонал пријавил лажни податоци за да искористат боледување.

Има и такви случаи, за жал. Но, за среќа се ретки некој да избегне работна обврска, да се обиде дури и да исфингира и да даде грешни податоци за да добие боледување, што мислам не е коректно. Сите со голем ентузијазам се вклучија во помош на сите свои колеги во работата со пациентите со ковид-19, вели Филипче.

Тој посочува дека користењето на летните одмори од страна на здравствениот персонал нема да влијае на третманот на лицата заразени со ковид 19. Објаснува дека одморите се организираат врз основа на прелиминарен план со кој ќе се обезбеди да има доволно персонал во секоја болница.

-Апсолутно сите пожртвувано работе изминатите 4 месеци, одморот мора да го земат, затоа што мислам дека уште поинтензивна работа ќе следи во есенските месеци. Мора да кажам дека има и многу позитивни искуства, многу колеги најавија дека нема сега да го земаат годишниот одмор, мислам дека е сосем коректно, многу професионално се поставија здравствените работници како и со справување со кризата, така и по ова прашања. Така што, проблем по однос на ова прашање воопшто немаме, вели тој.

Министерот вели и дека болничкиот капацитет за лекување на пациенти со Ковид-19 е полупразен и дека нема опасност од недостиг на болнички простор.

Инаку, вкупниот број на заболени од ковид-19 во земјава денеска надмина 50 000.

Треба да знаете
Последни објави