БиХ има 183 новозаразени и седум починати од коронавирусот

Во Босна и Херцеговина регистирани се 183 новозаразени лица со коронавирусот од кој починале седум лица во изминатите 24 часа. Во изминатиот ден во федерацијата БиХ тестирани се вкупно 527 лица. Досега вкупно се тестирани 82.716 лица, а вирусот е потврден кај 5.943 лица.

Со денешниот ден во БиХ се излекувале од коронавирусот 2.748 пациенти, а моментално активни има 3.066 лица. Како последицва од коронавирусот досега се починати 129 лица.

Во последните 24 часа во Република Српска тестрани се 390 лица, а позитивни се евидентирани 14, додека починало едно лице.

Досега во Р. Српска потврдени се 4.422 лица инфицирани со коронавирусот, а починати има 156.

Според последните расположиви податоци од битката со пандемијата против коронавирусот босанските медиуми пренесуваат дека земјата бележи најголемо зголемување  во регионот на новоинфицирани лица.

Треба да знаете
Последни објави