Словенија со петте новозаразени лица го бележи најнискиот дневен пораст од крајот на јуни

 Во Словенија во последните 24 часа потврдени се пет новозаразени лица со коронавирусот од 335 направени тестирања, што претставува најнизок дневен пораст од крајот на јуни.

Во домот за стари лица во Храстник, каде се појави жариште во изминатите денови не е забележан ниту еден нов случај.

Вкупнито број на заразени лица со коронавирусот во Словенија достигна 2.087, додека бројот на починати остана на 116. Бројот на активни случаи сега изнесува 238 лица.

Треба да знаете
Последни објави